Бродот „Илинден“ кој екипи на специјализираната компанија „Дубина“ со помош на воздушни балони го извлекоа од водите на Охридското Езеро, доцна попладнево беше донесен во каналот Студенчишта. Бродот кој пред две недели потона кај Елешец при што животот го загубија 15 бугарски туристи, до каналот беше влечен од мал брод на МВР.



Во каналот ќе биде извршено вештачење на бродот „Илинден“ со цел да се утврдат причините за големата трагедија. Полицијата постави рефлектори и специјална опрема во случај вештачењето да почне во текот на ноќта, а првите поконкретни информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски