Македонскиот фудбал од ден на ден се повеќе тоне ли тоне. Не може да кажеме дека сме го допреле дното , бидејќи одамна го имаме изгубено тлото под нозете и немаме ниту компас ниту ориентација каде пловиме.


Последниот пораз од Луксембург (случаен или не) ни ја покажа суровата реалност која вели 101 позиција на ФИФА ранкинг листата и место во петтиот квалификациски барабан.

Реакцијата на капитенот Пандев, чудењето на селекторот Тошак, како и на претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески нема ништо, ама баш ништо да сменат доколку се остане на тоа и не се преземат конкретни чекори.  Вистинско прашање е дали актуелното раководство има визија и стратегија како да испливаме од ситуацијата во која се најдовме.


Ќе биде ли “секое чудо за три дена“? Во прилог секако оди  стартот на шампионатот во Првата лига по што јавноста ќе се дефокусира од националниот срам, а до следниот собир на “црвено-жолтите“  ќе дојде мечот со Португалија на кој мисијата е “слика со Роналдо“.

М.П.