На вчера оддржана седница на Извршниот одбор на СДСМ ,  донесена е Одлука за отпочнување на постапката за утврдување на кандидати за градоначалник на општина Охрид, за престојните локални избори во март 2013 година, информираат од општинската СДСМ.

Според роковникот, постапката ке трае до 27 јули, до кога 34 –  те Месни Одбори треба да одржат состаноци, на кои низ демократска и транспарентна расправа, ќе се предложат можни кандидати за градоначалници.

На 28 јули ке се одржи Конференција на ОО на СДСМ, на која ќе биде утврден кандидатот за градоначалник на општина Охрид.

OhridNews