Најдинамичниот настан на „Охрид ТрчаТ“ ќе се случи викендот на 31 мај во сабота, од 17:30 до 21:00 часот кога Кеј Македонија во Охрид ќе пулсира со енергијата на Имлек Протеин Warm Up!

Брендот Имлек Протеин, подготвува голем спортски настан на 31 мај кој ќе ја загрее атмосферата пред трката „Охрид трчаТ“, но и ќе понуди незаборавно искуство за сите љубители на движењето, здравиот животен стил и заедништвото.

Што ќе овозможи Имлек Протеин Warm Up за посетителите?

Ова нема да биде само класично загревање туку целосен фитнес и lifestyle настан со warm-up сесии со популарни фитнес тренери и забавни предизвици како и наградување за најенергичните учесници со награден фонд што вклучува Samsung Fit Watch, ранци со производи, спортска опрема и уште многу изненадувања. Сето тоа ќе биде проследено со протеински коктели, освежување и DJ забава на отворено како и подароци за секој учесник, вклучувајќи маичка и производи од линијата Имлек Протеин.

Целта на Имлек Протеин Warm Up не е само физичка подготовка, туку и мотивација, дружење и потсетување дека здравите навики започнуваат со мали, но значајни чекори. Преку овој настан се поддржува спортот, локалната заедница и активниот живот кај младите. Присуството на Имлек Протеин на настанот ја нагласува важноста на снабдувањето на телото со протеини. После спортска активност мускулите се исцрпуваат, па од клучна важност е внесот на доволно протеини за нивна регенерација и градење мускулна маса. Имлек Протеин обезбедува 30 грама чист млечен протеин на порција од 300 ml. Без додаден шеќер и лактоза, со само 0,1% млечни масти, тој е идеален избор по напорна активност или трката за градење и регенерирање на мускулите.

Настанот е отворен за сите посетители, учесници и љубители на спортот, без разлика дали трчате или само сакате да бидете дел од оваа позитивна енергија.

Учеството на Имлек Протеин Warm Up е отворено за секој што ќе пристигне на настанот и ќе се пријави, по што го добива својот warm-up пакет и автоматски учествува во извлекувањето за награди. Не е потребна претходна регистрација – само дојдете навреме и носете спортска облека и насмевка!

И не заборавајте – загревањето со Имлек протеин никогаш не било повозбудливо!

OhridNews/PR