Италијанската фудбалска репрезентација запиша триумф на стартот од Европското првенство, победувајќи ја Турција со 3-0, на Олимпискиот стадион во Рим. Турција повеќе од 50-тина минути оддолеваше на „Олимпико“, но „азурите“ најдоа начин да го скршат нивниот отпор и да забележат убедлив триумф.

Покажавме големо трпение. Турција има одличен тим. На многу репрезентации им направија проблеми во квалификациите. Пробавме да ги умориме во првиот дел, кога ја ширевме играта и напаѓавме од сите страни. Во вториот дел со мала доза на среќа поведевме, а потоа се беше многу полесно. Мораше Турција да се отвори, а квалитетот наш дојде до израз и стигна до победата со нови два погодоци, – изјави стрелецот на еден од головите Чиро Имобиле.

Не можев да замислам подобро. Деби погодок на ЕП и победа на мојот стадион, – додаде Имобиле, кој ги брани боите на римски Лацио.

Селекторот на Турција Шенол Ѓунеш очекувано беше разочаран од високиот пораз од Италија.

Сакавме многу повеќе од ова, но не успеавме. Не игравме на начинот кој го знаеме и посакуваме. Ни фалеше агресивност. Тешко е да играш против селекција каква што е Италија и дополнително кога е домаќин. Нам секој бод ни е драгоцен, но одиме понатаму, бидејќи има уште многу да се игра, – истакна Ѓунеш.

Италија во втората рунда во фазата по групи игра со Швајцарија, додека Турција ќе ги одмери силите со Велс.

OhridNews

 

ЕП: Турција без шанси на „Олимпико“, победнички старт на „азурите“ (видео)