Охриѓанка Невена Нешкоска, која во моментов живее и работи во Чикаго, САД, на Денот на виното и љубовта, ја промовираше нејзината нова песна “In Love”, која ја продуцираше познатиот Михаи Ристеа, продуцент на “All My People”. Деновиве таа го заврши и видео спотот за оваа песна кој го објави на нејзиниот You tube канал, кој е мошне популарен.

Видео спотот е сниман во Чикаго. Песната е посветена на љубовта. Невена ја аранжирала дома на клавир, по што воспоставила контакт со продуцентот Михаи Ристеа од Романија.

Невена е родена во Охрид, a од својата 8-ма година живее во САД. 

OhridNews