Рано утрово во 04,15 часот, во угостителски објект лоциран на булевар „Железничка“ во Охрид, две лица од селото Лешани, општина Дебарца, го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија со персоналот а потоа и со оштетување на инвентарот од објектот, информира МВР.

Двајцата се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews