Екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа забележа максимален учинок на синоќешната програма од турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, откако во иста вечер оствари две победи и направи значаен чекор кон пласман во следната фаза.

Во првиот натпревар Инекс Олгица беше подобра од Македонија со 5:3, а само еден час подоцна со идентични 5:3 го совлада и Кибо Пласт.

Победа запиша и екипата на Аце Најдески, која со 2:0 славеше над Милама-Дим, додека Дуелма убедливо го совлада Етно ресторан Дедо Димо со 4:0.

Резултати – 20 јули

Инекс Олгица Хотел и Спа – Македонија 5:3
Инекс Олгица Хотел и Спа – Кибо Пласт 5:3
Аце Најдески – Милама-Дим 2:0
Етно ресторан Дедо Димо – Дуелма 0:4

Турнирот продолжува вечерва со три нови натпревари од групната фаза, а вниманието ќе биде насочено кон настапот на актуелниот шампион АСП ПАК, кој ќе ги одмери силите со Етно ресторан Дедо Димо.

Распоред – 21 јули

20:00 АСП ПАК – Етно ресторан Дедо Димо
21:00 Чардак Велгошти – Студио 13
22:00 АД Галеб – Златара Бени Ерол

OhridNews