Утре, во општинската зграда на општина Струга ќе се изврши потпишување на Иницијативата за заштита на Планината Јабланица преку прогласување на планината за заштитено подрачје во категорија Национален парк. Иницијативата ќе ја потпишат градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко и Сашо Јанкоски, градоначалникот на општина Вевчани.
Од иницијативниот комитет за прогласување на Јабланица за Национален парк, потенцираат дека иницијативата е поддржана од претседателите на сите месни заедници-села од подрачјето на планината Јабланица кои што се наоѓаат во територијата на идниот Национален парк или во нејзино непосредно соседство, согласно предложеното зонирање на Националниот парк, а согласно претходно направените научни студии.












