Делегација од Банско- Бугарија, предводена од градоначалникот Георги Икономов , деновиве престојуваше во Охрид каде оствари средба со заменик градончалникот  Ангел Јанев.

На средбата беа разменети првичните идеи за збратимување или воспоставување официјални контакти  за соработка меѓу  Охрид и Банско, како и за можностите двете општини да соработуваат на полето на туризмот, спортот културата како и многу други стопански гранки.

OhridNews