Комунални инспектори ќе ги контролираат и казнуваат луѓето кои живет во зграда што гледаат кон булеварите и плоштадите, а најчесто своите алишта ги сушат на тераса закачени на жица или ограда, јавува „Алфа“.

Како што јавува телевизијата, казни ќе добијат и оние кои терасата ја користат како магацински простор, па таму чуваат стари машини за перење алишта, фрижидери, шпорети, плакари.

Овие правила важат и за луѓето кои живеат во куќи кои се наоѓаат на булевари или плоштади. Истите, имаат забрана да садат дрвја чии плодови ќе ја валкаат јавната површина. Ќе се забрани и протекувањето од клима уредите врз надворешните делови на објектите и на тротоарите, а казни ќе има и за оние кои цртаат по фасадите.

извор: „Алфа“