По серијата земјотреси во Охрид денеска пристигнува екипа на Институтот за земјотресно инженерство – ИЗИС која ќе инсталира специјална опрема за испитување на тлото кое не престанува да се тресе.

 

Од 18ти јуни до сега во Охридскиот регион и околината регистрирани се над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет. Но она што ги загрижува граѓаните, но и стручњаците е што нивниот интензитет, како и јачината се зголемуваат. 

-Малку во последно време е збунувачки затоа што не се класични афтершокови, туку има намалување па зголемување на јачината, што од ИЗИС го коментираат како рој од земјотреси со средна големина. – рече Митко Темелкоски од Центарот за управување со кризи во Охрид. 

Темелкоски појасни дека 55 земјотреси од вкупниот број на регистрирани во овој период биле со средна јачина над 2.5 степени по Рихтер.

Г.М.