Интензивно се одвиваат градежните активности за реализација на двата најголеми и најзначајни инфраструктурни проекти во Општина Охрид. Тое се реконструкциите на улиците „Абас Емин“ и „15-Корпус“, информира општинската прес служба. Увид во работите денеска направи градоначалникот Константин Георгиески.
На улицата „Абас Емин“ се работи на поставување на нови цевководи од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата. На потегот каде што се финализирани активностите на подземната инфраструктура, се врши тампонирање на дел од коловозот. Паралелно се реализираат активности за поставување на рабници и уредување на тротоарите. Претходно, на дел од коловозот беше поставен и прв асфалтен слој со цел да се обезбедат услови за непречен сообраќај. Доколку активностите се одвиваат според предвидената динамика, реконструкцијата на оваа важна охридска сообраќајница ќе заврши пред почетокот на годинешната летна сезона. – соопшти општината.

Во текот на наредниот период како дел од програмата за уредување на градежно земјиште ќе започне рализацијата на уште неколку важни инфрструктурни проекти за кои во моментот се изготвуваат потребните документации и се завршуваат превидените законски и административни процедури, информира Општина Охрид.
OhridNews
















