Интер во првиот натпревар од 1/16 финалето славеше триумф над Клуж 2-0, но победа над романскиот клуб ја плати скапо. Аргентинецот Диего Милито заработи тешка повреда на лигаментите од коленото и за него сезоната е завршена.


По повредата на Милито стратегот на Интер, Андреа Страмачони во нападот ќе остане само со Антонио Касано, Томазо Роки и Паласиос.

Мх.П.