Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од Струга.

– По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека  пријавениот како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3*1,3 метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Поради констатирани незаконитости, општинската градежна инспекција-Струга донесла решение и заклучок за отстранување на градбата.