На 4 септември 2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, ќе се одржи свеченото доделување на признанието „Инженерски прстен“ 2026.

Ова значајно признание, кое се доделува на најуспешните дипломирани инженери, и годинава, по 23 пат, ќе биде врачено на 14 млади инженери, кои со своите исклучителни резултати во текот на студирањето се издвоиле како најдобри претставници на своите генерации.
„Инженерски прстен“ е признание кое го афирмира знаењето, стручноста и посветеноста на младите инженери и претставува поттик за нивниот понатамошен професионален развој и придонес во инженерската професија и во општеството.
Свеченото доделување во Охрид ќе биде можност да им се оддаде признание на најуспешните млади инженери и да се одбележи нивниот значаен успех, како и почетокот на нивниот професионален пат.
Оваа манифестација е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, и под покровителство на претседателот на државата.
OhridNews










