Со одлука на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) борењето од 2020 година нема да го има на олимписката програмата. Токму во овој спорт, Македонија има медал од Олимписките игри 1984 година.

Летните олимписки игри имаат 34 натпреваручки дисциплини, а за да се воведат нови неопходно беше една од старите згасне, одлуката на падна на борењето. Освојувачот на медал на ОИ во Лос Анџелес, Шабан Трстена остро го критикуваше повлекувањето на борењето од олимпискиот календар.

– Отстранувањето на борењето од олимписките спортови е навистина навредлива одлука за петте олимписки круга и за олимпизмот како движење. Всушност без него Олимписките игри ќе бидат како пливање без вода. Навистина нејасна е одлука да се отстрани најстариот олимписки спорт, кој заедно со атлетиката всушност ги поставил темелите на обединувањето потоа на сите спортови. Верувам дека целокупниот спортски свет уште еднаш преку свои реакција може да влијае да се преиспита оваа одлука. Верувам дека и голем дел национални Олимписки комитети заеднички ќе реагираат на еден ваков чекор – изјава Трстена.

Реакциите од нации не спласнуваат каде борењето е приоритетен спорт а тоа се источните земји од европскиот континент.

Мх.П.