Граѓаните на Македонија најпозитивно мислење имаат за државите Германија, Турција и Србија, а најнегативно за Грција и за Косово, покажа националната телефонска анкета што ја спроведе ИПИС (Институт за политички истражувања – Скопје) во првата недела од март 2016 година, на 1.101 полнолетен испитаник, при што била запазена репрезентативноста на населението во Македонија според сите демографските специфики, пренесува „Макфакс“.

За тоа „Како би ги оцениле односите (со Грција) генерално, ако го тргнеме настрана спорот со името?“, на што 48,3 отсто од анкетираните одговориле со „добри“, а 43,6 отсто со „лоши“. За тоа дека Владата (на Македонија) треба да покрене некоја инцијатива за подобрување на односите со Грција, се изјасниле 58,8 отсот од испитаниците.

На прашањето за иднината на односите со Грција, најголем дел, 39,2 отсто одговориле дека ќе се подобрат, 35,5 отсто мислат дека ќе останат исти, 15,1 отсот сметаат дека ќе се влошат.

Најголем дел од испитаниците (53,5 отсто) сметаат дека е многу важно веднаш да се реши спорот со името.

На референдум за влез во Европската унија 66,отсто би гласале „за“, а за влез во НАТО 70,7 отсто.

На прашањето „Дали би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО?“, дури 64,8 отсто одговориле со „не“.

Најголем процент на анкетата (35,2 проценти) одговориле дека ако некоја политичка партија направи компромис со Грција и го реши спорот со името тоа нема да влијае на ставот (на анкетираните) за таа партија. На ова прашање 33,2 отсто одговориле дека ќе им влијае негативно.

OhridNews
извор: „Макфакс“