Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски е на праг да направи уникатен подвиг на уште поуникатен начин. По препливувањето на Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид во двата правци, а потоа во етапи и во цела должина, тој ноќеска започна нова необична спортска авантура – модифициран Iron-man предизвик во вкупна должина од 107 километри.
По истрчани 42.2 километри од Св. Наум до Струга (7:47ч.) Марко со велосипед се врати во Св. Наум (2:33ч) од каде плива за Охрид.
Во моментов е кај Пештани и прави вонредни напори да го комплетира овој голем предизвик кој, како што рече има за цел да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги надминат препреките кои ги носи животот какви и да се.
Времето на пристигнување ќе зависи од многу фактори, заморот и, секако, временските услови.
Г.М.