Исчистени општинските патишта во општина Дебрца. Прекин во снабдувањето со електирчна енергија сеуште има во некои села, но се работи на отстранување на дефектите.
Сите општински патишта, ова особено се однесува за селата од Горна Дебрца и повисоките делови се исчистени од снегот и се проодни. Поради очекуваните ниски температури и појава на голомразица апелираме на внимателно возење. Во некои села се санира, а во некои сеуште има прекин на електрична енергија, информира градоначалникот на општина Дебрца, зоран Ногачески.
Додава дека од операторот ЕВН уверуваат дека нивните екипи работат на отстранување на дефектите.
OhridNews














