Од 6 до 8-ми Септември во Белград се одржа „Интернационален симпозиум по интервентна кардиологија и кардиоваскуларен имиџинг“-Sinergy 2018, на кој учество зедоа бројни еминентни експерти од овие области од Европа, Америка, Јапонија, Кина, Индија и други земји.

Во текот на три работни дена, беа преставени најновите достигнувања во овие области од Кардиологијата, а се одржаа и бројни едукативни работилници како и тренинг сесии.

На симпозиумот своја лекција одржа и Шефот на Интервентна кардиологија во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид, Др. Никола Бакрачески, која побуди  доста голем интерес кај присутните кардиолози.

Др. Никола Бакрачески ќе одржи лекција и на најголемиот Конгрес за интервентна кардиологија „TCT 2018“ кој годинава ќе се одржи во Сан Диего од 20-24 Септември.

OhridNews