Репрезентациите на Романија и Исланд вечерва на Стеауа арената во Букурешт одиграа нерешено 0:0, во рамки на групата Ј од квалификациите за пласман на Светското превенство во фудбал в година во Катар.

Овој резултат ја става Македонија во „пол позиција“ за 2то место на табелата во групата кое води во баражот.

Германија која вечерва го совлада Лихтенштајн со високи 9:0 е прва на табелата со 24 бода и веќе обезбеди пласман на Мундијалот. Македонија е 2ра со 15 бода, а Романија трета со 14. Следат Ерменија со 12, Исланд 9 и Лихтенштајн 1.

Во последното коло, кое на програмата е во недела, 14 ноември, Македонија во Скопје го пречекува Исланд (18ч.), Романија му гостува на Лихтенштајн, додека во меч без резултатско значење Ерменија ја пречекува Германија.

Доколку Македонија го совлада Исланд ќе избори пласман во баражот за пласман на Светското првенство.

Г.М.

Македонија броеше до 5 во Ереван, сонот за СП се’ уште жив