Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа на гости против Ерменија 0:5, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Избраниците на Благоја Милески одиграа речиси совршен меч, сигурни во одбраната, ефикасни во нападот, не оставајќи им на домашните играчи ни трошка надеж за успех. Резултатот го отвори Трајковски во 22 минута на асистенција на Ашковски. Во 36 минута Елмас одлично го проигра Барди кој зголеми на 0:2, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел уште три гола во мрежата на Ерменците. Барди од пенал во 67 минута зголеми на 0:3, Елмас во 79 минута прецизно биеше за 0:4, а конечните 0:5 ги постигна Барди од пенал во 90 минута, со што извонредниот плеј го комплетираше својот прв хек-трик во дресот на македонската репрезентација.

На табелата во Ј групата води Германија со 21 бод и веќе има обезбедено пласман на мундијалот. Македонија е втора со 15 бода, два повеќе од Романија која вечерва на домашен терен се среќава во Исланд.

Во последното коло, за три дена, Македонија во Скопје го пречекува Исланд со надеж дека ќе го освои второто место кое води во баражот за Светското првенство, но се разбира тоа во голема мера ќе зависи и од учинокот на Романија, која во недела му гостува на Лихтенштајн.

Г.М.