Звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „Ѓердан од бисери“ и дечињата од „Распеано рибарче“ и К2 продукција, со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, денес ја „оживеаја“ Волшебната елка поставена во комплексот KAM Village.

Бројни наши хумани сограѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, купувајќи соодветни подароци, означени во волшебните лампиони, како исполнување на новогодишните желби на преку 50 дечиња што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца. И секако креативните и неуморни реализатори на целата хуманитарна акција и овој завршен настан беа волонтерите на Црвен крст Охрид во партнерство со KAM Village, велат од Црвен крст Охрид.

Нека дарувањето биде ваш императив и во Новата 2024 година, додаваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews













