Договорот на Марин Докузовски со Македонската кошаркарска федерација истече и во моментов репрезентацијата е без селектор.


Докузовски со својата тактика придонесе да се направи најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, но дали ќе остане на клупата на националниот тим, треба да се знае во наредниот период.

Селекторот во секој момент на успехот го потенцираше единството кое го красеше македонскиот тим.  – Им благодарам на овие момци кои го постигнаа овај успех, и ме направија и мене популарен во Европа – рече Докузовски на дочекот во Скопје.

Ohridnews