Рокот за пријавување за користење на услугата „Бањско-климатска рекреација“ за пензионерите истекува во петок. Досега 12-ти овој месец, за услугата се поднесени 18.165 барања.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека барањата се поднесуваат до филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а изборот на корисници на пензија што ќе ја користат услугата ја врши посебна Комисија составена од претставници на повеќе институции.

Списокот со корисниците на пензија коишто ќе ја користат услугата за бањска рекреација ќе бидат објавени на веб страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија до 5 март.

Инаку, оние пензионери кои ја користеле услугата во изминатите четири години, односно од 2010, нема да можат да ја користат и во 2014 година.

OhridNews