Атлетичарот од Кенија, Елиуд Кипчоге ги помести границите во маратонското трчање, откако во специјално организираниот настан во австрискиот град Виена, делницата од 42 километри ја истрча под два часа односно за 1 час, 59 минути и 40 секунди.

Кениецот долго се подготвуваше за овој предизвик под името „1.59“ кој имаше задача да ја спушти магичната граница од два часа на најдолгата маратонска трка.

34-годишниот атлетичар е рекордер на маратонската трка на 42 километри. Тој најдобро време истрча минатата година во Берлин кога заврши за 2 часа, 1 минута и 39 секунди. Но, овој пат тој не се натпреваруваше, туку со помош на други тркачи успеа да ги надмине човечките можности и да обезбеди место во историјата на атлетиката.

OhridNews