Во рамки на соработката со Лајанс клубот Лихнидос, деновиве е извршено светлување на зградата на Историскиот архив, една од поспецифичните згради во Охрид изградена во баухаус стил.

Станува збор за објект со специфичен архитектонски израз, без сомнение еден од најдобрите репрезенти на „Брутализмот“ во Македонија, па затоа заслужува посебно внимание. – вели проф. Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Благодарение на ентузијазмот на проф. Тунтев и на целокупниот ЛК Лихнидос, ова претставува подвиг со кој архивот полека но сигурно го добива својот сјај и пропагирање какво што заслужува, вели раководителот на охридскиот архив Доц. Др. Никола Митровиќ Бабе, најавувајќи дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

Ние и претходно имавме прекрасни проекти за кои се заинтересираа дури и одредени амбасадори но веќе можам да откријам дека наскоро градот Охрид ќе биде одушевен од еден заеднички наш проект кој набрзо ќе се реализира. Да правиме убави нешта за нашиот Охрид. – рече Митровиќ.

OhrdiNews