Ќе се осовременува и доопремува итната медицинска помош на територијата на цела Македонија. Ова вчера во Струга го најави министерот за здравство, Бујар Османи.

Со реформите е предвидено, итната медицинска помош да има заеднички број за пријавување што значи дека граѓаните во еден диспечерски центар ќе можат да пријавуваат потреба од медицинска помош, интервенција од полиција и противпожарна заштита.

Министерот Османи најави дека за еден месец, повеќе помали рурални општини во Македонија ќе добијат редовна итна медицинска помош.

Ohridnews