Иванов го предлага академик Камбовски за претседател на ад-хок комисијата
16.05.13 16:00
Претседателот на Република Македонија, на денешната средба во неговиот кабинет со генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски и на СДСМ, Андреј Петров, околу формирањето на ад-хок комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година, за претседател на комисијата го предложил претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Владо Камбовски, како угледен и авторитетен универзитетски професор по кривично право.
-Ги повикуваме двете партии да се изјаснат по овој предлог на претседателот Иванов, со цел формирање на ад-хок комисијата и што поскоро започнување со нејзината работа, со крајна цел исполнување на постигнатиот политички договор од 1-ви март и целосно фокусирање кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот совет, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.
Јавното соопштување на предлогот на претседателот Иванов следува по низата претходно одржани средби и неуспешни обиди за постигнување консензус за избор на претседател на комисијата.
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид утре ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Славица Танеска, насловена „Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ Стан...
Фестивалот „Вдиши театар“ продолжува денес со изведба на две театарски претстави во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид Со почеток во 18:30 часот ќе биде изведена претставата „Трибина, куфер, бабушка и п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.