Фестивалот „Вдиши театар“ продолжува денес со изведба на две театарски претстави во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

Истата вечер, во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ја проследи и претставата „Берачи“ на Црвен крст Ужице, Република Србија. Претставата зборува за година обележана со екстремни временски услови, ран мраз и голема суша, кога двајца пријатели, писател и актер, создаваат судир меѓу уметноста и земјоделството, сè додека во нивните животи не се вмеша една жена.

Претставата на духовит и сатиричен начин го обработува феноменот на „д-р Гугл“ – амбуланта во која пристигнуваат пациенти што самите си поставиле дијагнози врз основа на интернет пребарувања, убедени дека боледуваат од најразлични болести без претходно да посетат лекар. Низ низа комични ситуации, публиката имаше можност да ги проследи искарикираните ликови на пациентите, но и на медицинскиот персонал, докторка и медицинска сестра, кои покрај секојдневните предизвици на работното место, наоѓаат време и за меѓусебни озборувања и поплаки за работата.
Со одлична актерска енергија, впечатливи карактери и актуелна тема што секојдневно ја живееме претставата понуди многу забава, но и важна порака за довербата во стручните медицински лица наспроти таканареченото „интернет знаење“.
Влезот за сите фестивалски претстави е слободен.
OhridNews












