Избегната поголема трагедија на релито Наскар откако колата на Кајл Ларсон со молскавична брзина се удрила во заштитниот ѕид. Од силината на ударот ѕидот попуштил, а парчињата од колата се распрскале кон трибините. Шест гледачи имаат посериозни повреди додека триесетина се пуштени на домашно лекување.


Мх.П.