По најавите дека под влијание на многу студена маса од северните подрачја од Европа следува период на многу студено време со повремен  локален снег, Центарот за управување со кризи упати препораки до сите субјекти кои се дел од Системот за управување со кризи, со цел навремено реагирање во случај на одредени настани (завеани патишта, сообраќајни несреќи, непристапни терени и др.), како последица од снежните врнежи и студеното време.

– Им препорачуваме на граѓаните во овие неколку дена да избегнуваат движење во планинските предели и внимателно да возат, особено на патните правци низ клисурите и планинските превои каде има почеста појава на ситни одрони од карпи. Апелираме до сите граѓани, особено оние кои живеат во населени места околу планинските предели, доколку забележат било какви појави кои претставуваат опасност, да пријават на бесплатниот телефонски број 195 кој е во служба на граѓаните 24 часа, со цел навремено реагирање од страна на надлежните служби во справување со настанатата ситуација, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.

OhridNews