Околу 10 часот и 40 минути, на гласачко место 1314 во село Белчишта, општина Дебрца, е забележан инцидент на чие расчистување во моментов работи СВР- Охрид.

Имено, брачен пар- членови на една политичка партија дошле да гласаат со својот син, при што било утврдено дека синот не се наоѓа во избирачкиот список. Незадоволни од тоа, брачниот пар го напуштил гласачкото место земајќи ги со себе и двете гласачки ливчиња.

Случајот, од страна на членовите на ОИК во Дебрца, веднаш бил пријавен во СВР- Охрид од каде било интервенирано. Брачниот пар во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Охрид, а гласачките ливчиња се одземени од страна на надлежните во СВР- Охрид. 

OhridNews