По вчерашното распуштање на собранието, претседателот на Собранието Талат Џафери ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

Џафери на денешната изјава за медиумите истакна дека лидерите одлучиле да го вратат мандатот кај граѓаните и дека обврска на институциите е да обезбедат услови за спроведување на фер и демократки избори.

„Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ“, рече Џафери.

OhridNews