ОБСЕ и советот на Европа позитивно го оценија изборниот процес спроведе вчера во република Македонија, констатирајќи дека изборите транспарентни и добро спроведени, но и дека постојат аспекти на кои треба да им се посвети дополнително внимание, јавува „Макфакс“. Како што велат од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, гласачите имале можност слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера оценувајќи ги процесот и пребројувањето на гласовите како позитивен без значителни разлики меѓу регионите населени се претежно етничко македонско или со етничко албанско население.
„Овие избори го поставија камен темелникот за стабилна и демократска иднина, реалност а на денот на изборите докажа дека многу од предизборните наводи се неточни и ја поставија на патека кон клима ослободена од параноја којашто би ја поткопувала довербата на граѓаните во изборниот процес“, изјави Роберто Бартели, специјален координатор на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ
„Сметаме дека медиумското опкружување треба да биде понепристрасно настроено, потолерантно и потолерантно и дека медиумите треба да избегнуваат ситуации во кои тие служат како инструмент на пропаганда на интересите на бизнис секторот, политичките партии или владата“, рече Жан Шарл Гардето, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Според меѓународните набљудувачи, основните слободи за време на изборниот процес биле почитувани и дека кандидатите имале можност слободно да ја спроведат кампањата. Тонот на кампањата го оценуваат како мирен и воздржан низ целата земја. Тие изразија благодарност на сите фактори вклучени во организација на изборите и на гласачите коишто ги искористиле своето граѓанско право
„Гласачите и членовите на избирачките органи на сите нивоа заслужуваат пофалба за нивниот придонес за главно мирното и добро спроведен изброен процес“, изјави Џулиан Пил Јејтс, шеф на долгорочната набљудувачката мисија на ОДИХР.
Од меѓународните институции забележуваат на случаи на злоупотреба на државни ресурси во функција во изборниот процес и како кредибилни ги оценија наводите за притисоци врз државните и јавните службеници за поддршка на владејачката коалиција.
Набљудувачите како позитивно ја оценија соработката со властите на сите нивоа во текот на изборниот процес.
извор: „Макфакс“










