Општинските изборни штабови на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ веќе излегоа со првични, неофицијални податоци.
Како што информираат од изборниот штаб на ВМРО- ДПМНЕ, на ниво на општина Охрид, засега се обработени податоците од 21% од избирачките места. Според неофицијалните податоци добиени од досега обработените податоци на овој изборен штаб, за ВМРО- ДПМНЕ гласале 2. 218, а за СДСМ 1. 636 гласачи.
Од изборниот штаб на СДСМ, информираат дека засега обработени се податоците од 51 избирачко место во општина Охрид. Според добиените неофицијални податоци од оваа партија, за СДСМ гласале 9. 717, а за ВМРО- ДПМНЕ 9. 266 гласачи.
Од изборниот штаб на СДСМ информираат и дека се обработени податоците од гласачките места во општина Дебрца, каде за СДСМ гласале 1. 786, а за ВМРО- ДПМНЕ 1. 321 гласачи.
И од двата изборни штабови нагласуваат дека се задоволни од текот на изборниот процес и дека изборите во општина Охрид поминале во фер и демократска атмосфера.










