На изборното собрание на општинската организација на Партијата за општествен и економски напредок (ПОЕН) Охрид, за претседател на огранокот е избран Вахид Мемед граѓански активист, младински работник и истакнат припадник на заедницата на балканските Египќани. За потпретседатели избрани се Хермин Рапоски дипломиран менаџер по туризам и Ирфан Малик дипломиран правник, за секретар Мелина Наумоска-адвокат. Нивниот мандат изнесува 4 години.
Собранието го избра и новиот извршен одбор на ПОЕН кој брои 10 членови,како и надзорниот одбор од 5 членови. На изборното Собрание на огранокот на ПОЕН во Охрид учествуваа 90 делегати, а работата ја следеше претседателот на партијата проф.д-р Рубин Земон советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурни комуникации на Претседателот на Владата Зоран Заев.
Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН) вчера одржа две изборни општински собранија, во Дебар и во Охрид. Претходно ПОЕН формираше општински организации и избра раководства во Прилеп, Делчево, Неготино, Кавадарци, Росоман и други места.
ПОЕН на политичката сцена во Македонија, дејствува со ова име, откако поранешната Алијанса за позитивна Македонија, се ребрендираше. Партијата донесе одука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок, или скратено ПОЕН, а веќе започната е процедурата за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка.
OhridNews














