УО ги прифати критериумите за избор на селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.Претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески ги информираше членовите на УО за направените разговори со кандидатите за селектор.


– Сите кандидати со кои е разговарано сериозно изразија заинтересираност за превземањето на функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација. Останува во наредната недела да се извршат разговори со Ќиро Блажевиќ и Клаус Аугенталер со што тие би ги соопштиле своите услови за извршување на селекторската функција-соопшти претседателот Хаџи-Ристески.

УО завзеде став, условите за назначување на нов селектор да бидат во рамките на финансиските можности на ФФМ.  Постапката за избор на селектор се очекува да заврши до средината на м. Јули.

ohridnews