Жири комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Ирена Бачиќ (член), донесе одлука за избор на најдобрите творби на Конкурсот што во чест на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, го распиша Општина Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта.

Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава –од прво до четврто одделение) ѝ се додели на песната: „За Климент“ под шифра „Букви“, додека придужни награди освоија : „Учителот“ од Охрид, шифра „Охриѓанче“ и „Охриде“, шифра „Светлина“.

Наградата во II категорија (за ученици од предметна настава – од шесто до деветто одделение) ѝ се додели на песната „Охридска вечност“, под шифра „Лик“, а придружни награди освоија уште: „Охрид раскажува за св. Климент“, под шифра „Зрак 10“ и „Климентово дело“, шифра „Учител“.

Наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година Жири-комисијата одлучи да не ја додели. Затоа предложи наградата предвидена за нив да се подели како придужна награда на првонаградените во претходните категории.

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 07.12. 2020 гoдина (понеделник) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале. – соопшти Општина Охрид.

На конкурсот пристигнале 18 поетски творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски.

OhridNews