Истите извори тврдат дека двете страни покажале голем интерес за меѓусебна соработка, која како што сега стојат работите во Реал не е и невозможна.
Имено, актуелниот тренер на ’кралскиот клуб’, Жозе Мурињо, веќе подолго време се наоѓа во ’тивка војна’ со играчите, навивачите и раководството на клубот, поради што на крајот од сезоната ќе го напушти Мадрид.
Најголем интерес за услугите на Мурињо покажува Пари Сен Жермен чии актуелен тренер е токму Анчелоти. Покрај за Мурињо, катарските сопственици на ПСЖ се заинтересирани и за најдобриот играч и стрелец на Реал, Кристијано Роналдо.
Според „Le Parisien“ работите би можеле да бидат појасни веќе за две недели, кога Мурињо со Реал треба да ги одигра двете клучни средби во сезоната – реваншот со Барселона во националниот Куп, на 26.февруари и осминафиналниот реванш во Лигата на шампиони со Манчестер Јунајтед на 5.март.