Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година се издадени 256 одобренија за градење што е за 28.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во наведениот период во општина Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, од кои 6 на физички лица и едно за изградба на деловен објект.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 462 458 илјади денари што е за 37.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70.7%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9.4%) за објекти од нискоградба и 51 (19.9%) за објекти за реконструкција. 

Од вкупно 256 објекти, на 181 (70.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (29.3%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 711 станови со вкупна корисна површина од 58 253 м2.

OhridNews