Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2012 се издадени 249 одобренија за градење што е за 9.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 916 606 илјади денари што е за 291.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 179 (71.9%) се наменети за објекти од високоградба, 27 (10.8%) за објекти од нискоградба и 43 (17.3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 249 објекти, на 169 (67.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 објекти (32.1%) инвеститори се деловни субјекти.
Во наведениот период во општина Охрид издадени се вкупно 11 одобренија за градба, од кои за 8 инвеститори се физички лица, а 3 објекти ќе радаст деловни субјекти.
OhridNews