Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 метри кубни дрва на друга парцела, сопственост на лице од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва.
Со ова, пријавениот на охриѓанецот му нанел штета од 210.000 денари.
OhridNews












