Излезноста во Охрид до 15:00 часот е 41,01% , односно гласале 21.500 избирачи. За споредба, во првиот круг од Локалните избори правото на глас до 15:00 го оствариле 16.498 гласачи или 35,94 %.

Во Општина Дебрца до 15:00 часот гласале 42,66% од вкупно запишаните избирачи во избирачкиот список или 1855 гласачи, што е речиси идентично со првиот круг од изборите кога гласале 62,64 % од вкупно запишаните гласачи.

Во Општина Струга до 15:00 часот гласале 17.315 гласачи или 28,2 % од избирачите, додека во првиот круг гласале 28, 42 % или 17.446 избирачи.

Најголема излезност во државава  до 15:00 часот е во Вевчани каде гласале 66,54%, односно гласале 1380 гласачи од вкупно 2.075 запишаните во избирачкиот список.

 

 

OhridNews