Во организација на Oпштина Охрид на 22 декември, петок, во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена изложбата Лица на револуцијата, изложба на необјавени портрети на македонски револуционери, информираат од Општина Охрид.

Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews










