Во просториите на Отворено Графичко студио при Музеј на Град Скопје, денеска во 20.30 часот, ќе се одржи осмата по ред самостојна изложба на Ели Аиноска Христовска.

Станува збор за најновиот проект насловен како” Непознати предели”, и претставува првенствено едно истражување на односот помеѓу  вештачки создадениот објект и  самата природата .

 


Аиноска магистрирала во 2010 год. на Факултетот за Ликовна Уметност во Скопје.  Учествувала на повеќе групни излжоби во земјата и странство, а минатата година влезе и во  номиниранција за најдобар млад визуелен уметник “ДЕНЕС 2012“(основанa од фондацијата за цивилно општество  FCS). Во декември месец истата година ја доби и наградата Димо Тодоровски, награда доделена од Друштвото на Ликовни Уметници ДЛУМ.
 


Бидејќи  целта на проектот  беше да се постават објектите во природно опкружување за да се види естетското и визуелното надоплолнување на самиот простор втората слика во прилог беше направена во соработка со членовите на   клубот за подводни активности ” Bottom time” од Охрид, посочува уметникот.

Од критиката на Маја Михајловска Чанкуловска

„Во проектот Foreign Landscapes на Ели Аиноска согледуваме една специфична и константно присутна авторска преокупација со просторноста и објектноста, која секако поаѓа од основната идеја на егзистирањето на еден артифициелен (вештачки создаден) објект поставен во даден отворен природен амбиент и вклопувањето со истиот. Најновото остварување повторно е комплексен спој на различни медиуми (објекти, интервенција во простор, фотографии од процесот на создавање на делото, ) и е резултат и надоврзување на истражувањата на различни аспекти на просторноста започнати и развивани во нејзините претходни проекти.

Во своите дела авторката реферира на објектноста и просторот, јукстапозиционираноста на објектот и просторот, нивното раздвојување, но и вклопување на вештачкиот статичен објект со пулсот на природното опкружување. Аиноска интервенира во природниот амбиент (во конкретниот случај зимски пејзаж) поставувајќи вештачки креирани “замрзнати“ објекти, а го “продолжува животот“ на објектите од нивната првична поставеност и во галериско дадени услови, презентирајќи го објектот (и фото-документација од процесот на создавање на делото) и сугерирајќи ги истите чувства и доживувања кај публиката без оглед дали се работи за отворен или затворен простор.

Сложениот однос природно-вештачко, објект-простор кај Ели Аиноска е концептуален, но и сетилен по својата природа. Мноштвото присутни емоции се рефлексија на ритамот и динамиката на животот кој не опкружува, а како доминантен момент се појавува меланхоличното чувствување на пулсот на природата како основа на животот.“

OhridNews