На 5-ти јули во 20 часот во спомен домот „Браќа Миладиновци“ Струга ќе биде отворена изложба на рачно изработен накит од Билјана Тодороска, која со рачна изработка на накит се занимава седум години, а последните четири ја користи техниката сутаж.
Во изработката најмногу ја инспирира сето она убаво што и се случува секојдневно. „Најмногу преовладуваат моите емоции и затоа мојата изложба ја нареков Внатрешен свет“ објаснува авторката Билјана Тодороска.
Ова е втората самостојна изложба на Тодороска, првата беше насловена „Чекор по чекор ” и се одржа во јули 2016 во галеријата Робевци.
Изложбата во Струга ќе трае до 15-ти Јули.
OhridNews
















