Од 9-ти до 23-ти ноември, љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да ја посетат изложбата на дела од Сашо Блажес насловена „Чудесниот Рај“.

Изложбата ќе биде отворена на 9-ти ноември во 19 часот во галеријата Ко-Ра.

Оваа изложба е прво претставување на авторот пред скопската публика со дела работени меѓу 2005 и 2013 година. Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8:30 до 16:30 часот. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.

OhridNews