Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани изложни во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Пред охридската публика ќе биде достапна до 30 ноември.

На отворањето на изложбата во обраќањето директорката на НУ Завод и музеј Охрид, Катерина Велкоска истакна дека посетителите на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него.

Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска.

Изложбата на Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот.

Истата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.

OhridNews